Репрезентацијата на Хрватска во натпреварот против Шпанија пред два дена го доживеа најтешкиот пораз во својата историја и тоа само два месеца по фантастичниот успех на Мундијалот каде што играа во финалето.
Два дена по поразот на Хрватска од Шпанија со 6:0, се огласи на Фејсбук претседателката на државата, Колинда Грабар-Китаровиќ.
– Главата горе момци! Секој од нас може да има лош ден, но вашето сребро нема да избледи во нашите срца. Тоа што го направивте за промоција на Хрватска и радоста која ни ја донесовте, не може да биде променото и засенето. Со вас сме и во победа и во пораз, вие сте гордоста на Хрватска – напиша Колинда на Фејсбук профилот.
Инаку претседателката поради начинот на кој навиваше за репрезентацијата на Хрватска на Светското првенство во Русија стана хит на социјалните мрежи.
ФОТО: Фејсбук