Пронајден 12-годишен штитеник на Домот „25 Мај“

Детето е пронаjдено на ул. „Благоја Стефковски“ во Скопје од полицајци.

348
Дванаесетгодишно дете, штитеник на Домот „25-Ти Мај“, кое било пријавено за исчезнато, ноќеска, еден час и 10 минути по полноќ е пронајдено во Чаир.

Како што е наведено во полицискиот билтен, детето е пронаjдено на ул. „Благоја Стефковски“ во Скопје од полицајци и е предадено на полициски службеници од Одделението за малолетничка деликвенција Чаир за понатамошна постапка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...