Аплауз од нога, честитки и селфи за Заев во Европскиот парламент (ФОТО)

5011

Пратениците во Европскиот парламент во Стразбур денеска со аплауз од нога го испратија македонскиот премиер Зоран Заев, кој одржа говор пред нив.

На пленарната седница на ЕП беше и високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини, која денеска по оваа седница ќе долета во Скопје на средби со државниот врв и со опозицијата.

Заев доби аплауз и во текот на својот неколкуминутен говор.

Тој зборуваше за перспективите на Македонија, за договорот со Грција, претстојниот референдум и за реформите поврзани со интеграцијата на земјата во Европската унија. Ова беше прво обраќање на македонски премиер на македонски јазик.

На крајот многумина му честитаа, имаше прегратки, бакнежи и селфи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...