Срѓан Керим и Јана Станисављева на распит кај Катица Јанева

743

Поранешниот управител на  Медиа принт Македонија, Срѓан Керим и директорката Јана Станисављева денеска се викнати на распит во Специјалното јавно обвинителство.

Двајцата се повикани да дадат исказ во рамки на истрагата што ја води обвинителството за евентуални злоупотреби на тогашните први луѓе на компанијата, во чија сопственост беа весниците „Дневник“, „Утрински“ и „Вест“ коишто згаснаа поради наводна финансиска криза, пишува Независен.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...