СДСМ: Мицкоски да се преиспита зошто граѓаните одбиваат да разговараат со него

1459

Христијан Мицкоски вечерва призна дека половина од граѓаните на кои им пристапиле, одбиле воопшто и да разговараат со неговите претставници, реагира СДСМ на интевјуто на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

– Мицкоски да се преиспита зошто граѓаните одбиваат да разговараат со него. Тој не треба ни да помисли да ја ризикува иднината на Македонија. Мицкоски треба веднаш да одговори, пред себе, пред својата партија и пред целата јавност, дали ќе гласа и дали ќе поддржи македонска иднина во ЕУ и НАТО. Време е Мицкоски, македонската иднина тропа на твојата капија, приклучи се кон европското семејство, стои во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...