Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека не повикува на бојкот меѓу редови со својата порака од прес -конференцијата синоќа.
Тој за 24 анализа вели дека за тоа како тој ќе гласа, граѓаните ќе треба да почекаат до 30 септември и тврди се повлекол од изјавата дека ќе гласа против договорот поради манипулативното референдумско прашање.
– Ќе мора да причекате до 30 септември и да го видите мојот став. Дали Христијан Мицкоски ќе излезе или нема да излезе на референдумот во овој момент воопшто не е важно. Важно е дека ВМРО-ДПМНЕ одлучи да не води кампања за овој капитулантски договор. На овој референдум, овој таканаречен договор не е дел од референдумското прашање, туку прашањето е трозначно, манипулативно и има задача да внесе забуна кај граѓаните – изјави вечерва Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ тврди дека не се пазари за амнeстија за екс премиерот Никола Груевски и ако добие таква понуда, а за возврат да треба да даде поддршка на референдумот, нема да ја прифати.
-Не знам на што би се однесувала таа амнестија. Но, ќе ви одговорам, ќе одбијам. Но, не знам за што би била таа амнестија, за никој од нив нема правосилна пресуда. Ние како ВМРО-ДПМНЕ и нашата анализа и анкети и водени разговори со граѓаните, донесеовме одлука на граѓаните да им понудиме одлука најдемократска на свет, сами да одлучат како да постапат на референудмот. Едносглавно ЦК му даде легитиметет на овој став – рече Мицкоски.