Шпанија планира да поднесе кандидатура за ЕП 2028

65

Фудбалската федерација на Шпанија планира да поднесе кандидатура за Европското првенство во 2028 година.

За таа цел се одржа состанок меѓу премиерот на Шпанија, Педро Санчез, претседателот на шпанската федерација Луис Рубијалес и првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино.

Засега не е познато дали Шпанија сама ќе ја поднесе кандидатурата или во соработка со Португалија.

Последниот голем фудбалски настан што го организираа Шпанците е Светското првенство во 1982 година.

Во меѓувреме до крајот на месецот треба да биде донесена одлука за организаторот на Европското првенство во 2024 година, а кандидати се Турција и Германија.

Фото: EPA/Fernando Calvo

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...