Мицкоски и партнерите од „За подобра Македонија“: Никој нема право на граѓаните да им наложи како да постапат за референдумот

270

За ктуелните политички случувања, капитулантскиот договор со Грција, престојниот референдум за промена на името и корупциските афери и скандали на власта, разговарале денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари и партнерите од коалицијата „За подобра Македонија“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

– На состанокот беше посочено дека Република Македонија се движи во целосно погрешен правец, а држвата се уназадува на секое поле. Заклучено беше дека власта е длабоко навлезена во крадење, криминални тендери и грантови, а корупциските скандали и афери, како и милионските суми кои завршуваат во џебовите на министрите и дирекорите се секојдневие.

Коалициските партнери се согласија дека капитулантското дело наречено договор не може да ја надомести штета која владата на Заев и СДСМ ја нанесува државата. Коалцијата ,,За подобра Македонија’’ го потврди ставот дека не може да се согласи со капитулантскиот договор со кој се брише името, јазикот и идентитетот на државата.

Мицкоски на коалициските партнери им го соопшти ставот на партијата кој се базира на достоинството и разумот на граѓаните, сами да одлучат како ќе постапат на 30 септември.

Ниту СДСМ, ниту ВМРО ДПМНЕ имаат право да им наложуваат на граѓаните како да постапат по едно вакво историско прашање од кое не зависи само иднината на сегашните, туку и на идните генерации.

Само политичари кои се длабоко навлезени во криминал и кои знаат дека народот ги прочитал и очекува да си заминат би се плашеле од давање на доверба на граѓаните сами да одлучат. Само политичари со црни петна зад себе, кои не веруваат и го потценуваат народот, може да се сомневаат во неговиот капацитет.

Сите се согласија дека државата има сила да го надмине и ова зло кое и се случува, олицетворено во владата на СДСМ и на крај Македонија ќе победи, стои во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...