Заев – Блок: Реформите се клучни кон отворањето на патот на Македонија кон ЕУ и НАТО

62

Важноста на големата историска одлука, пред којашто се исправени граѓаните на Република Македонија, претстојниот Референдум на 30-ти септември, како и реформските процеси во земјата за исполнување на евроатлантските интеграции, се темите за кои разговарале премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи, Стеф Блок, соопшти Владата.

Истакнувајќи дека Македонија има направено огромни чекори на патот кон стабилноста на државата, шефот на холандската дипломатија Блок на премиерот Заев му честитал за постигнатиот Договор со Грција, оценувајќи дека со него е отстранета последната формална пречка за почеток на пристапните разговори за членство на Македонија во НАТО, со што двете земји го зацврстија патот на пријателството и за зголемена соработка за доброто на граѓаните.

Блок ја пренесе поддршката која континуирано ја дава пријателска Холандија, акцентирајќи дека таа е базирана исполнувањето на условите и имплементацијата на реформите, кои, како што подвлече, се клучни кон отворањето на патот на Македонија кон ЕУ и НАТО.

Двајцата соговорници се согласиле дека почитувањето и практицирањето на политиката на добрососедски односи и соработка ја подобрува и сликата на целиот регион и отвора можност за просперитет на сите земји од западниот Балкан.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...