Бајруш Сејдиу предвреме ослободен од затвор

626

Кумановецот Бајруш Сејдиу не се враќа во затвор, туку останува на слобода по одлука на Кривичниот суд, објави порталот dosie.mk.

Според одлуката на Кривичен совет на Кривичниот суд на Сејдиу му бил даден условен отпуст од 11 месеци. Тој има две пресуди една од 12 години затвор и уште една од 5 и пол години. Осуден е за малверзации со стечајни постапки, фалсификување цигари и злосторничко здружување.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...