Во текот на денот ќе се изврши планирано исклучување на Блок 1 поради превентивна проверка и отстранување на помали дефекти, како и за зајакнување на оперативноста на блокот, информира АД „Електрани на Македонија“, Подружница РЕК Битола.
Оттаму нагласуваат дека РЕК Битола ќе го продолжи континуираното производството на електрична енергија преку Блок 2.
– АД ЕЛЕМ во моментов произведува електрична енергија според планот и според потребите на тарифните потрошувачи, а исто така врши и продажба на вишоци електрична енергија, така што сите зафати на производствените капацитети се пресметани во планот за производство – велат од РЕК Битола.