Тачи: Најголем патриотизам е да излезете и да гласате

309

Косовскиот претседател Хашим Тачи по средбата со премиерот Зоран Заев ги повика граѓаните на Македонија да излезат и да гласаат.

– Јас денеска не сум во скопје да преземам страна за овој или за оној политички лидер, мојата агенда е оваа. Многу е охрабрувачки ова што го слушнав од премиерот, силно го поддржувам неговото патешествие во НАТО и ЕУ. Лидерите во Македонија и Косово ги одбираат нашите граѓани, јас сум соработувал со сите власти во Скопје… Оодносот на Косово и Македонија не треба да се основа на политички шеми туку на државни интереси на двете. Се надевам дека гласањето ќе биде не само „ЗА“ туку и дека ќе се постигне цензусот. Излезете и гласајте, ова е најголемиот патриотизам што може да го направи секој граѓани – изјави Тачи.

Повикот да се излезе и да се гласа „ЗА“ на референдумот, како што одговори тој на новинарски прашања, не го смета за мешање во внатрешните работи на Македонија туку рече дека тие како лидери треба да ги наоѓаат најдобрите решенија и истите треба да се поздрават и да се поддржуваат.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...