Грција повторно атрактивна за САД, се проширува военото присуство

Геополитичките и географските фактори ја зголемуваат атрактивноста на базите во Грција за вооружените сили на САД.

256

Командата на вооружените сили на САД преговара со цел проширување на обемот на воените операции на територијата на Грција каде ги употребува воените воздушни и морски бази во услови на зголемена затегнатост со Турција поради нејзините планови да купи руски противвоздушни ракетни системи С-400.

Ова го пишува весникот „Волстрит Џурнал“ повикувајќи се на неименувани американски функционери.

Според информации од изворите на весникот, геополитичките и географските фактори ја зголемуваат атрактивноста на базите во Грција за вооружените сили на САД. Двете земји имаат основа за вознемиреност поради акции на Турција која е членка на НАТО. Покрај тоа, Грција со нејзината блага клима и воени објекти на НАТО овозможува цела година да се спроведуваат воено-воздушни вежби. Американски воени претставници ги сметаат за позитивни и постоечките можности за привремено распоредување на свои војници во земјата.

Како што информираат изворите, преговорите ги води главниот командант на Обединетите вооружени сили на НАТО во Европа генерал Куртис Скапароти. Тој, сепк, не предлага да се распоредат американски војници и техника во Грција врз постоечката основа.

Вашингтон претходно ја предупреди Анкара дека ако набави системи С-400 од Русија, САД можат да одбијат на Турција да и продадат ловци Ф-35.

ФОТО: EPA-EFE/Tomasz Waszczuk; EPA-EFEJEROME FAVRE

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...