Сообраќајот на патот од селото Сарај до клучката кај селото Бојане во наредните десет дена ќе се одвива наизменично во двата правца поради градежни активности на патот.
Од Авто мото сојузот на Македонија информираат дека градежните работи почнуваат од денес и оти ќе биде поставена соодветна сигнализација и физичко обезбедување со знаменца.