Првиот ден на Јом Кипур (19 септември, среда) е неработен ден за припадниците на еврејската заедница во Македонија, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика.
Овој ден е прогласен за неработен за граѓаните од еврејската заедница согласно Законот за празници на Република Македонија.