Претседателот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски доцна вечервa на прес конференција од „белата палата’ го повика премиерот Зоран Заев на ТВ дуел за Договорот за името. Мицкоски претходно ја информираше јавноста дека ВМРО-ДПМНЕ одлучи секој граѓанин на референдумот да се изјасни по сопствено убедување.
– Ајде отворено да разговараме за Договорот со Грција. Верувам дека Македонија ќе победи – рече Мицкоски во повикот до Заев.
Тој бара ТВ дуел не само за Договорот за името, туку и за други теми за кои тој смета дека треба да се дебатира пред реферндумот.