Дефект на фонтаната утре ќе остави дел од Центар без вода

215

Поради отстранување дефект на затворач од водоводна мрежа со пречник Ф-125мм на улицата „Орце Николов“ бб, кај фонтаната на плоштад „Македонија“, утре ќе има прекин во водоснабдувањето.

Корисниците од дел од улиците „Орце Николов“, „Скопска“, „Никола Кљусев“ и Кеј „13 – ти Ноември“ утре ќе бидат без вода од 9:00 часот, па се до завршување на интервенцијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...