Претседателот на Република Косово, Хашим Тачи доаѓа во работна посета на Република Македонија, соопшти Владата.
Во рамките на посетата, Тачи ќе оствари средба со премиерот Зоран Заев.
Премиерот Заев и косовскиот претседател Тачи ќе остварат тет-а-тет средба, по што ќе следува и билатерална средба на делегациите на владите на Македонија и Косово.