Владата ќе станува ептен транспарентна

296

Министерството за информатичко општество и администрација до крајот на месецов треба да формира работна група за примена на четвртиот Национален акциски план за отворено владино партнерство за периодот 2018-2020 година, што го усвои Владата на денешната седница.

– Новиот документ вклучува широк спектар на активности кои Владата ќе ги преземе во следните две години со цел да се зајакнат, продлабочат и прошират напорите за унапредување на транспарентноста на власта, подобрување на ефективноста на институционалните механизми за пристап до информации, пристап до правда, фискална транспарентност, управувањето со податоците и чувањето регистри во државните и во јавните институции, како и зголемување на стандардите за интегритет и поголем пристап до технологија за сите граѓани на Македонија, соопшти владината прес-служба.

Првиот Национален акциски план за отворено владино партнерство беше усвоен во 2012 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...