ОЈО испратило покани за неколку лица, не открива дали се повикани Вангеловски и Панчевски

597

Испратена е покана за неколку лица за давање изјава пред надлежен јавен обвинител во врска со злоупотреба на АКМИС-системот за електронска распределба на судските предмети во судовите.

Ова го изјавија од Основното јавно обвинителство-Скопје, но велат дека не можат да потврдат дали денеска имало распит, по објавата дека денеска во Обвинителство биле повикани Владимир Панчевски, поранешен претседател на Кривичниот суд, и Јово Вангеловски, актуелен претседател на Врховниот суд.

Панчевски и Вангеловски, пак, тврдат дека не добиле покана.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...