Во рамките на септемвриското издание на концептот Градски летен парк се вклучува и фестивалот на европски филм, CINEDAYS, во организација на Младинскиот културен центар. Како најава за неговото 17. издание, МКЦ организира бесплатни филмски вечери преку Кино на отворено. Убавата приказна што почна во јуни со „Исцелител“ и „Avec l’amour“, ќе продолжи во четврток (13 септември), со проекција на еден од најпознатите филмови од режисерот Вуди Ален – „Ирационален човек“ („Irrational Man“).
Следната вечер, петок (14 септември) на големото платно во Градски парк ќе биде прикажан визуелно спектакуларниот филм „Големата убавина“ („La Grande Bellezza“) од италијанскиот режисер Паоло Сорентино.
Двете бесплатни филмски вечери (четврток и петок) започнуваат во 20 часот во Градски парк – Школка.