Соработката со граѓанскиот сектор на седница на Влада

226

На предлог на Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија, денеска на седница на Владата ќе биде разгледана предлог стратегија на Владата за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, со Акциски план 2018-2020 година.

Министрите ќе дебатираат и за информацијата за националниот акциски план за отворено владино партнерство со предлог национален акциски план за отворено владино партнерство 2018-2020 година.

На предлог на Министерство за труд и социјална политика, дел од точките на седницата е предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување.

На дневен ред на 88-мата седница е и предлог-законот за јавните набавки, предложен од Министерството за финансии.

Владата денеска ќе расправа и за информација на Министерството за здравство, со акциски план за сексуално и репродуктивно здравје 2018-2020 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...