Роналдо изедначи петнаесетгодишен рекорд во ЛШ

380

Кристијано Роналдо синоќа го постигна првиот гол за Реал Мадрид во триумфот на ПСЖ (2:1) и се запиша во листата на стрелци деветти пат по ред на натпревар од Лигата на шампионите.

Реал со две победи над парижаните обезбеди пласман во четвртфиналето од елитното фудбалско натпреварување, а Португалецот го изедначи рекордот на Руд ван Нистелрој кој во 2003 година настапувајќи за Манчестер Јунајтед исто така погоди на девет натпревари во серија.

Сепак, Ван Нистелрој во тој момент имаше вкупно 12 гола, додека Роналдо е подобар со 14 погодоци.

Со евентуален нов гол до крајот на оваа сезона во ЛШ, ѕвездата на Реал ќе стане нов рекордер во оваа категорија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...