Само две прaтенички побарале 400 евра за кирија, на другите им е поaрно со патни трошоци

1178

Само две пратенички досега побарале да им бидат исплатени парични средства за кирија во Скопје, додека останатите пратеници бараат дневници за да патуваат до главниот град, пишува Макфакс.

Пратеничката од Прилеп од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ане Лашкоска, и пратеничката од Штип, од истата партија, Благица Ласовска, побарале да им биде исплатен надоместок од Собранието во висина од 400 евра за да изнајмат стан во Скопје.

Наемнината на стан е ново право што ќе можат да го користат пратениците, предвидено со измените на законот. Надоместок за закупнина на стан се предвидува за оние пратеници чие место на живеење е надвор од територијата на Град Скопје и доколку не користат надоместок за користење автомобил во лична сопственост за службени цели или надоместок за одвоен живот со семејството.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...