Димитров од Штип: Нема друга алтернатива за иднината на Македонија, освен европската

160

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров при денешната посета на Штип истакна дека иако партиите во земјава не се согласуваат за многу работи и се поделени, сепак 70 до 80 отсто од нив и голем дел од јавноста смета дека нашата иднина е во НАТО и Европската унија. Тој потсети дека пред два дена прославивме и 27 години од референдумот од 1991 година.

– Ако тој референдум значи нешто, значи завет Македонија да биде независна, суверена, самостојна и успешна држава и имаме шнаса на 30 септември да го започнеме, да го завршиме и да ја поставиме последната цигла од нашата државност. Борбата не е меѓу политички партии, ниту бираме градоначалници, ниту бираме пратеници, ниту бираме Влада на 30 септември. Борбата е за иднината на државата, за иднината на сите граѓани, за иднината на децата, на следната генерација, за да има повеќе работни места, за да бидат подобро платени, за да бидеме подобро средени. Видовме што значи да има помалку простор за политичарите да прават глупости. Видовме како грешките се множат кога ја нема европската перспектива, вели Димитров.

Посочувајќи ги снимените разговори, кои изглегоа во 2015 година, Димитров нагласи дека токму поради тоа Македонија мора да се постави на шините кон ЕУ и НАТО.

Забележа дека компромисот не бил лесен и додаде дека станува збор за тешко прашање. – Но, како држава го зачувавме тоа што ни е најважно, а тоа се македонскиот идентитет, македонски народ, јазик, а воедно се отвара и вратата за напред, рече шефот на дипломатијата.

Тој нагласи дека нема друга алтернативна за Македонија освен европската.

– Нема друга алтернатива иднината на Македонија освен европската иднина. НАТО членството значи безбедност, значи инвестиции. На сите држави кои ни се најблиски тука во регионот и пошироко, Црна Гора, Бугарија, Хрватска, Романија, НАТО членството им носи безбедност, предвидливост, а со тоа и странски инвестиции. Во Црна Гора за една година двојно се зголемени странските инвестиции од 95 на 216 милиони евра. Значи тоа сакаме да го направиме и тоа е одлуката. Одлуката е на сите нас. Политичарите се најодговорни, меѓутоа одворноста е на сите граѓани, вели Димитров.

Министерот за надворешни работи, Димитров истакна дека на 30 септември граѓаните со својот глас ќе одлучатвп кој правец ќе се движи Македонија.

Прашан како го коментира изнесениот став на претседателот, Ѓорге Иванов во честитката за независноста, а кој се однесува за посетата на високите странски гости во земјава и за твитот на Руската амбасада, кој бил објавен на 28 ми август, а денеска стана актуелен, Димитров со одговор дека светот видел дека Македонија одлучила да си ги земе работите во свои, да си ги реши проблеми и да го одбере патот по кој ќе оди.

– И во личниот живот на еден човек му е потребна поддршка од семејството, соседите и пријателите, така и на Македонија во овие моменти и е потребна поддршката од своите пријатели, рече тој. Според него Македонија стана позитивна приказна во регионот, која позитивно влијае и на останатите соседи.

– Доказ е дека не сме сами и дека имаме пријатели. Германија е наш најголем трговски партнер, 47 отсто од извозот на Македонија оди во Германија. И сега лидерката на Германија дојде на нашиот роденден и кажа важно ви е ова, ова е ваша одлука и сакам да ве поддржам, бидејќи важно ми е Македонија да успее и кажа ние ќе обезбедиме економски експерт, советник за вашите политики кон економијата, за да бидете подобри, рече Димитров.

Во изминатиот период со потпишувањето на договорот од Преспа, Димитров истакна дека Македонија добила поддршка и од Вашинготн, бидејќи првпат по 30 години Македонија и Грција прават вистинско помирување.

– Мојот коментар е дека кога ќе решиме да ги земеме дузгините во свои раце, да ги решаваме проблемите, стануваме партнер. Помогни си себе си, за да ти помогнат другите. Тоа се случува денес со Македонија и убаво ќе беше да се случуваше и порано, рече Димитров.

Министерот за надворешни работи, Димитров денеска имаше средба со градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, на која разговарале за идните проекти, кои ќе бидат финансирани од ЕУ, како што е изградбата на Пречистителната станица.

Димитров попладнево имаше и средба со здруженијата за инвалидизирани лица и со посебни потреби. Вечерва ќе има средба со граѓаните од населбата Ново Село, а во 19 часот ќе се обрати на трибината во населбата Автокоманда, која е во рамките на кампањата за референдумот „Излези за Европска Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...