Чипирани над 9.000 миленици, остануваат уште 90.000 бесплатни микрочипови

Донацијата на микрочиповите е еднократна. Кампањата за микрочипирање на милениците се спроведува по принципот „Прв дојден, прв услужен“ и ќе трае до 31 март идната година, односно додека не се потрошат набавените бесплатни микрочипови.

539
20151004 Sunday 1116 defile na zivotni kucinja kucina kuce mace macki macina machinja domasni milenici den na zastita na zivotni domashni milenici milenichinja milenicina

Во базата на податоци на ветеринарно информативниот систем на Агенцијата за храна и ветеринарство досега се евидентирани 9.200 домашни миленици.

Агенцијата ги потсетува граѓаните сопственици на миленици (кучиња и мачки) дека во тек е кампањата за микрочипирање на милениците – кучиња и мачки, за што Агенцијата обезбеди 100.000 бесплатни микрочипови.

Донацијата на микрочиповите е еднократна. Кампањата за микрочипирање на милениците се спроведува по принципот „Прв дојден, прв услужен“ и ќе трае до 31 март идната година, односно додека не се потрошат набавените бесплатни микрочипови.

„Апелираме до сопствениците на миленици од видот кучиња и мачки, да ја искористат оваа можност, да ја исполнат својата законска обврска и да го идентификуваат својот миленик со микрочип. Откако ќе се потрошат бесплатните микрочипови, односно по истекот на предвидениот рок за реализација на оваа активност, сопствениците  на домашни миленици за микрочипот ќе треба да платат по 800 денари“, соопштија од Агенцијата..

Кампањата за бесплатна идентификација на домашните миленици со  микрочипови, Агенцијата за храна и ветеринарство ја реализира во соработка со Ветеринарната комора на Македонија и ветеринарните друштва.  Микрочипирањето е безбедно и безболно за милениците. Микрочипот содржи информации за сопственикот на миленикот, расата на кучето, полот, возраста и за тоа дали и кога е вакцинирано против болеста беснило.

Списокот на ветеринарните друштва со кои Агенцијата има склучено договор за реализација на оваа кампања е објавен на интернет страната на Агенцијата – www.fva.gov.mk. Сопствениците на миленици можат да одберат кај кое ветеринарно друштво ќе го микрочипираат својот миленик.

Кампањата за бесплатно микрочипирање на милениците е дел од тригодишната стратегија што ја донесе Агенцијата за храна и ветеринарство за да се обезбеди здравствена заштита и благосостојба на животните, да се поттикне одговорното сопствеништво и да се намали бројот на кучињата скитници по улиците низ државава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...