Криминалниот картел на власт предводен од Зоран Заев секој ден го покажува своето лице и своите методи на застрашување кон граѓаните и сите останати. Ова е вистината за СДСМ, а не лицемерието кое им го продаваат на граѓаните за европски вредности кои наводно ги поседуваат, а воопшто не ги поседуваат, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
– Вчера јавноста беше сведок како градоначалникот на СДСМ од Демир Хисар јавно пред ученици, на работно место им се заканува на просветни работници и ги омаловажува на најдрзок начин. Шерифлукот на СДСМ е многу посериозен од обична расправија како што тврди МВР кое што се обидува да го релативизира случајот. Стојановски тврди дека ги прислушкува граѓаните, дека го следи нивното движење и врши притисоци со бомбите на Зоран Заев. Ова е клучното прашање. Како стасале материјалите од нелегалното прислушкување до лик како што е Марјанче Стојановски од Демир Хисар – рече Арсовски и додаде дека очекува овој скандал ќе биде разјаснет.