Виктор Габер на чело на македонско-грчкиот комитет на експерти

983

Формиран е Заеднички интердисциплинарен комитет на експерти (ЗИКЕ) меѓу Република Македонија и Република Грција, соопшти денеска македонското Министерство за надворешни работи.

Во согласност со Член 8 став 5 од Конечната спогодба меѓу Република Македонија и Грција, потпишана на 17 јуни 2018 г. (Спогодбата од Преспа), формиран е Заеднички интердисциплинарен комитет на експерти (ЗИКЕ) за историски, археолошки и образовни прашања.

Во составот на ЗИКЕ од наша страна има седум члена, на чело со амбасадорот Виктор Габер.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...