Веста „Руска амбасада: Што би било ако претставник на Москва сугерира за референдумот“ не се однесува на минатонеделните посети на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, на канцеларите на Германија и на Австрија, Ангела Меркел и Себастијан Курц, на шефот на дипломатијата на Луксембрург Жан Аселборн и на американскиот сенатор Рон Џонсон.
Од Амбасадата на Русија за МИА укажуваат дека твитот се однесува на веста „Мета ги повика Албанците во Македонија да излезат на референдумот и да гласаат „за““, објавена на 28 август.