Наместо пуштање бомби, судењето за куќите на Латас и браќата почна одново

1766

Поради промена во составот на судечкиот совет судењето од почеток почна судењето на Драган Павловиќ Латас и неговите двајца браќа, Срѓан и Звездан, во случајот „Тревник“ на СЈО.

„Тревник“ се однесува на бесправно градење на викенд-куќи во општината Зелениково.

Претходно судењето беше стигнато до доказна постапка односно до слушање на бомбите. На денешното рочиште наместо да се продолжи со слушање на 137 разговори кои СЈО ги поседува како доказ, судењето почна одново со воведни зборови и изјаснување за вина. И Латас и неговите браќа пивторно се изјаснија дека не се чувствуваат виновни. По втор пат во судница се слушаа воведените излагања на обвинителката Елизабета Јосифовска и од адвокатката Анита Бегова.

Според СЈО тие почнале да градат викендици без одобрение за градба кое го побарале и добиле дури кога градбата била во напредна фаза за што обвинителството како што е познато како доказ има сателитски снимки од гугл.

Од одбраната и сега повторија дека ќе докажат оти обвинетите се невини и оти во тоа за што се товарат обвинетите нема општествена опасност. Адвокатката Бегова во дел од нејзиното излатање посочи дека ако СЈО сакало да гони по секоја цена прво требало да докаже дека градоначалникот на општината ја злоупотребил службената положба и овластувања, како и надлежниот градежен инспектор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...