ДПА ја почнува кампањата за референдумот вечерва од Чаир

103

ДПА вечерва од театарот за деца во Чаир ја понува кампањата за референдумнот, информира партијата на Мендух Тачи.

ДПА викендов донесе одлука за формирање централен партиски штаб за претстојниот референдум кој ќе се одржи на 30 септември. Одлуката е донесена на седница на централното претседателство на партијата.

Според нив, евроатланските интеграции се еден од основните сегменти во програмата на ДПА и барање на Албанците, каде и да живеат.

Централното претседателство за претседател на штабот го избра генералниот секретар на партијата Имер Алиу.

– Во текот на викендот се формираа општинските и локалните штабови и официјално се започна со кампањата ЗА референдумот. ДПА ќе стартува со кампањата од денеска со одржување на собири и средби со граѓаните со цел да се зголеми поддршката за референдумот,  соопштуваат од партијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...