Министерството за внатрешни работи доцна синоќа соопшти дека градоначалникот на Демир Хисар, Марјанче Стојановски, бил повикан на информативен разговор поради видео-снимката која се појави денеска на интернет.
„Градоначалникот Стојановски во разговорот изјави дека снимката која се појавила на интернет е од протест во ОУ ‘Гоце Делчев’ во Демир Хисар кој се случил во средината на месец јануари 2018 година. Протестот се одржал заради промена на две учителки во други подрачни училишта“, се наведува во соопштението.
По насока на обвинителство Стојановски бил пуштен во 20.30 часот, а во врска со овој случај, од МВР информираат дека ќе се повикуваат повеќе лица на службен разговор со цел негово целосно расчистување.