Заев од Ресен: Референдумот не е борба за власт, туку борба за севкупен раст

1057

Претседателот на Владата, Зоран Заев вечерва на трибината во Ресен повторно ја повика опозициската ВМРО – ДПМНЕ како и оние што се уште не одлучиле да излезат на 30 септември да го поддржат референдумот за влез на Македонија во Европската унија и НАТО.

– Ако сте за ЕУ и НАТО излезете на референдумот, придружете се. Ние може да не се согласуваме на економски план, на планот на реформите, транспарентноста, корупцијата и криминалот, но должност ни е да застанеме заедно зад Република Македонија, затоа што тоа е наша татковинска обрвска на сите – рече Заев пред ресенчани.

Говорејќи за Договорот од Преспа, Заев рече дека тој е постигнат на најтранспарентен начин и оти се направени компромиси со грчката страна, но придобивките се огромни.

– Референдумот не е борба за власт, туку борба за севкупен раст, раст на економијата, квалитетот на образованието, здравството, туризамот, земјоделството, како и раст на среќата во очите на нашите граѓани – подвлече Заев.

Тој најави дека во текот на септември во Преспа ќе почне голем проект за соработка на општините во Македонија, Албанија и Грција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...