Полицијата денеска го привела и третиот напаѓач на 17-годишниот З.Т., кој на автобуската постојка „Рекорд“ во центарот на Скопје во четвртокот беше прободен во стомакот.
Министерството за внатрешни работи вечерва соопшти дека во врска со нападот на 1 март е приведен 15-годишниот Б.Н.од Скопје.
„Б.Н заедно со Р.А. (18) од Скопје и К.Т. (18) од скопското село Љубин физички го нападнале З.Т. и му нанеле убодна рана со тврд предмет во пределот на стомакот. Б.Н. е задржан во полициска станица за понатамошна постапка“, соопшти МВР.