МИЛЧИН: Македонија на тесниот пат кон далечниот Запад

Својата анализа под наслов „Македонија на тесниот пат кон далечниот Запад“, Милчин ја почнува со потсетување дека смената на власта ја деблокира евроатланстката перспектива на Македонија „но за долго очекуваното влегување во НАТО и за долго одлованиот почеток на преговорите со ЕУ, треба да се плати висока цена“.

4017

Сегашната посета на Себастијан Курц може да биде продуктивна само доколку му појде од рака да го убеди новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ да не повикува на бојкот на референдумот. Во овој случај, идеолошкото братство во популизмот мора, барем привремено, да се повлече во втор план и да отстапи место на одбраната на евроатлантските стратешки интереси.

Ова, меѓу другото, го пишува режисерот Владимир Милчин, во својата анализа за состојбите во Македонија, објавена во денешното издание на црногорскиот весник „Побједа“.

Милчин се осврнува на серијата посети на западните лидери на Скопје и вели:

„Од независноста па се до почетокот на оваа година, лидерите на земјите членки на ЕУ и НАТО главно ја заобиколуваа Македонија. После долги години заобиколување, во првата недела на кампањата пред референдумот, од ден во ден, на скопскиот аеродром слетуваат западни политичари“.

Милчин додава дека никој од западните лидери на крие дека главната цел на посетите се успешен исход на референдумот на кој се очекува граѓаните на Македонија со својот глас позитивно да одговорат на прашањето составено од две прашања: „Дали сте за зачленување во ЕУ и НАТО со прифаќање на спогодбата меѓу Република Македонија и Република Грција“.

Својата анализа под наслов „Македонија на тесниот пат кон далечниот Запад“, Милчин ја почнува со потсетување дека смената на власта ја деблокира евроатланстката перспектива на Македонија „но за долго очекуваното влегување во НАТО и за долго одлованиот почеток на преговорите со ЕУ, треба да се плати висока цена“. Исто така, Милчин потсетува дека премиерот Зоран Заев го одложи спроведувањето на ургентните реформски приоритети кои ги побара Европската комисија, а на ексклузивното прво место на својата агенда ја подигна Спогодбата со Грција, за да овозможи влегување во НАТО и почеток на преговорите со ЕУ.

„Оваа замена на приоритетите разочара многу граѓани кои со своите протести придонесоа за падот на популистичкиот режим на автократот Груевски“, пишува Милчин.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...