Македонската фудбалска репрезентација ја постигна и втората победа во групата 4 од Лигата Д од Лигата на нациите.
Вечерва во Скопје пред околу 10.000 гледачи Ерменија беше совладана со 2:0 (1:0), а стелци на головите беа Алиоски, кој даде гол од пенал и Пандев.
Македонија е прва во групата со максимални 6 бодови, пред Ерменија со 3.