Почина пливачот Дарко Арсов, освојувач на златен медал на Специјалната олимпијада

2444

Спортистот Дарко Арсов и освојувач на златен медал во пливање на Специјалната олимпијада во 2011 година денеска по долгогодишно боледување почина на 37 годишна возраст.

Дарко чекаше да биде најден донор за трансплатација на црн дроб, но не дочека тоа да се случи.

„Со огромна тага и жалење ја споделуваме веста за смртта на нашиот атлет Дарко Арсов. По долгогодишно боледување, златното момче ја изгуби битката. Дарко Арсов ќе го паметиме по неговиот ведар дух, хуморот кој во себе го носеше и златниот медал во пливање на 50 метри од олимписките игри во Атина 2011 година.
Искрено сочувство до семејството“, напишаа од Специјалната олимпијада на Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...