Централна прослава на Денот на независноста ВО ЖИВО

982

Во празнична атмосфера пред платото на Владата неколку илјади граѓани присуствуваат на централната манифестација по повод одбелележувањето на 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија.

Прославата почна со забавна програма за најмладите кои ги има во голем број во присуство на нивните родители, баби и дедовци, а продолжи со забавно-музичкиот дел за возрасните. Програмата под отворено небо продолжи со музиката на оркестарот на Македонската филхармонија заедно со Тамара и Тијана кои ќе ги изведат најубавите македонски евегрини.

Република Македонија, денеска одбележува 27 години самостојност и независност, по успешно спроведениот Референдум, што се одржа на 8 септември 1991 година, а на кој над 95 проценти од граѓаните се изјаснија за самостојна и суверена држава.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...