Манчевски-Папас: Македонија и Грција ќе ги намалат цените во роаминг

359

Македонија и Грција имаат обврска кон своите граѓани покрај тоа што се соседи, да бидат партнери и постојано да соработуваат. Ова е заклучокот од средбата меѓу министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и министерот за дигитална политика, телекомуникации и медиуми во грчката Влада Никос Папас.

Како што соопшти владината прес-служба, главен фокус во разговорот на двајцата министри беше обезбедувањето на сите потребни предуслови за намалување на цените за роаминг меѓу двете држави.

– На средбата со грчкиот колега, министерот Папас, ги продолживме разговорите за потпишување договор меѓу двете држави за намалување на цените во роаминг за нашите граѓани. Како заклучок од средбата со задоволство можам да кажам дека во текот на септември ќе објавиме и конкретен договор за почнување на процесот за намалување на цените во роаминг – истакна министерот Манчевски.

Министерот Манчевски, кој е во еднодневна посета на Солун, присуствувал на отворањето на 83-тиот Меѓународен саем во Солун, што оваа година е организиран во соработка со Соединетите американски држави. Под мотото „Американскиот сон ќе се оствари во Солун“, во рамки на најголемиот саем во Грција, се претставија најголемите светски компании како што се Мајкрософт, Фејсбук, Гугл, Оракал, со кои министерот Манчевски оствари билатерални средби.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...