Премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција со Ангела Меркел, оцени дека посетата на германската канцеларка на Македонија е голема чест за граѓаните на Македонија.
– Ни правите голема чест. Јас, Владата и нашиот народ сме многу среќни поради тоа. Ќе возвратиме со успешен референдум – рече Заев.
Тој потсети дека на денешен ден пред 27 години граѓаните масовно излегоа да гласаат за својата назависност.
– Затоа прв пат имам чест токму на овој ден да посакам добредојде на еден германски канцелар. Јас сум благодорен и среќен што имаме сојузници со кои делиме исти вредности. Поддршката што ја добиваме е огрома и пријателска. Овој гест е инспиративен за нас и ни помага да изградиме силно општество кое се темели на европските вредности. Оваа посета е знак дека големите сили го поддржуваат Договорот со Грција, па затоа сме подготвени да го направиме историскиот чекор – порача македонскиот премиер.