„Гоце Делчев“ е подготвено в понеделник да ги прими учениците

306

Државен санитарен инспектор при вчерашната посета на основното училиште „Гоце Делчев“ во општина Центар, утврди дека сите проблеми за непречено одвивање на образовниот процес се отстранети.

Фасадата на училиштето во целост е завршена, внатрешните простории се реновирани и целиот објект е исчистен и подготвен да ги прими учениците в понеделник, 10 септември.

„На учениците им се извинуваме поради пролонгирањето на првиот училишен ден и во исто време се надеваме дека реновираниот простор ќе им обезбеди добри услови за учење и престој. На сите ученици од ООУ „Гоце Делчев“, општина Центар им посакува успешен почеток на учебната година и многу успеси“, се наведува во соопштението од општина Центар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...