Се преврте комбе со мигранти кај Катланово, петмина тешко повредени

198

Во сообраќајката која се случила денеска околу 13.45 часот, на 3-4 километри пред тунелот Катланово на патниот правец Велес-Скопје, во превртено комбе кое превезувало мигранти се повредени 18-мина, од кои петмина потешко, објави СДК.мк.

Во Ургентен центар на Скопските клиники примени се 14 повредени од сообраќајката, од кои пет со потешки телесни повреди. Едниот од нив е на КАРИЛ, двајца на Клиниката за торакална хирургија, а двајца на Клиниката за трауматологија. Останатите се со полесни повреди.

Во Градската општа болница „8 Септември“ донесени се шест пациенти од кои 4 со лесни повреди, а двајца со трауми на главата, но и тие не се во животозагрозувачка состојба.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...