Заев го препозна Игор Југ како еден од тие што носеле оружје

Премиерот претходно одговарајќи на прашања во судницата токму од Игор Југ, му одговори дека тој што сакал да го ликвидира веројатно покрај тоа што нема коса, немал ниту храброст. На тоа Игор Југ индиректно му се закани велејќи дека ако сакал да направи нешто, храброст има.

1353
Откако судијката Добрила Кацарска го праша премиерот Зоран Заев дали може да препознае некои од лицата во судница од оние што во Собранието на 27 април лани носеле огнено оружје, премиерот го препозна само по Игор Југ.
– Можам со сигурност да потврдам само за едно лице. Тоа е господинот Игор Југ – одговори Заев.
Премиерот претходно одговарајќи на прашања во судницата токму од Игор Југ, му одговори дека тој што сакал да го ликвидира веројатно покрај тоа што нема коса, немал ниту храброст. На тоа Игор Југ индиректно му се закани велејќи дека ако сакал да направи нешто, храброст има.
Пред Заев сведочеа и екс министерот за здравство Никола Тодоров и пратеникот Весел Мемеди, а во 20 часот треба да почне сведочењето на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
И денешното рочиште е маратонско, започна утрово во 10 часот, а со оглед на динамиката ќе трае уште неколку часа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...