Дванаесет денови нема трага од 16-годишната Благица од село Смоларе, струмичко. Семејството е очајно и бара помош од полицијата но и од граѓаните да се пронајде нивната ќерка и внука. Таа исчезнала на 24 минатиот месец кога семејството било на ручек во ресторанот во селото и не се вратила. Се сомневаат дека е со некое момче во селото Баница, но засега нема никакви информации, објави Телма.
Благица со родителите живее во Германија, а во Македонија била дојдена на летен одмор.