Заев до Игор Југ: Тој што сакал да ме убие, покрај тоа што нема коса немал ни храброст

Ако тие што ве удирале со тупаници и клоци лесно дошле во ваша близина за да ги зададат тие удари, дали се согласувате дека ако некој кој бил вооружен и сакал да ве убие, можел да дојде до вас, го праша Игор Југ премиерот Зоран Заев, кој сведочи за настаните од 27 април лани.

3378
ФОТО: EPA/STR

Ако тие што ве удирале со тупаници и клоци лесно дошле во ваша близина за да ги зададат тие удари, дали се согласувате дека ако некој кој бил вооружен и сакал да ве убие, можел да дојде до вас, го праша Игор Југ премиерот Зоран Заев, кој сведочи за настаните од 27 април лани, кога во Собранието беше присутен како пратеник.

– Не се согласувам затоа што јасната намера на некој да ликвидира некого со огнено оружје го става во психолошка состојба тоа да го направи за да не му се доближи толку на тој што сака да го убие, со цел да не се експонира и да го направи тоа – му одговори Заев на Југ.

Опишувајќи се себе, но зборувајќи во трето лице за лице со маица на хрватските одбранбени сили, со тежина над 110 килограми, ќелав и со физикус кој и дете од 5 години го забележува, Игор Југ праша дали не би можела таква личност да му се доближи.

– Не се согласувам со вас. Зошто личност која е крупна, со маица на хрватски одбранбени сили, како што опишавте, донела одлука да влезе во Собранието, можела да го направи тоа… но, покрај тоа што таа личност нема доволно коса, немала ниту доволно храброст – му одговори Заев.

„Храброст ако сакам да направам нешто, имам“, прокоментира Југ.

На ова реагираше судијката Добрила Кацарска посочувајќи му да внимава како поставува прашања зошто во вака поставенОТОпрашање има закана. Инаку, Игор Југ како обвинет во случајот за 27 април, според обвинението, имал крајна цел да го ликвидира Заев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...