АЛАРМ: Никој не сака да студира Македонски јазик

Според прелиминарните резултати, во првиот уписен рок на државните универзитети се пријавиле само 31 кандидат, за вкупно 245 места. Во оваа мини-статистика не се земени предвид бројките од Државниот универзитет во Тетово, за кој нема прелиминарна листа од резултатите. 

384

Само пет матурантки се пријавиле да го изучуваат македонскиот јазик во првиот уписен рок на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на насоката Македонски јазик (со проверка на знаења и умеења), пишува Факултети мк.

Четири пријавени кандидатки има на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, на насоката Македонски јазик и книжевност. На УКИМ, во државната квота се пријавиле 12 кандидати на насоката Македонска книжевност и јужнословенски книжевности.

Поразителен интерес за изучување на македонскиот јазик има и на Педагошкиот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, на насоката Македонски јазик и книжевност се пријавени вкупно 10 кандидати.

Според прелиминарните резултати, во првиот уписен рок на државните универзитети се пријавиле само 31 кандидат, за вкупно 245 места. Во оваа мини-статистика не се земени предвид бројките од Државниот универзитет во Тетово, за кој нема прелиминарна листа од резултатите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...