Судијката Добрила Кацарска на денешното рочиште за судењето за 27 април од последен ред, ги премести обвинетиот Борис Дамовски и неговиот адвокат Рубин Двојаков во првите редови од судницата, бидејќи постојано зборувале.
– А вие господине Дамовски обвинет се за сериозно кривично дело и не знам како можете да се однесувате така ноншалантно и иронично – му рече Кацарска на Дамовски додека во судница сведочеше поранешниот министер за здравство Никола Тодоров.