Цеца ќе им пее на гроздоберците во Кавадарци

Годинава очекуваме рекордна посетеност. Очекуваме, исто така, ова да биде најголем настан за 2018 година. Се со цел Кавадарци да оди напред, вели градоначалникот Јанчев.

294

Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев со прес конференција го означи стартот на манифестацијата „Тиквешки гроздобер 2018”.

Тој информираше дека настанот бил подготвуван шест месеци, најавувајќи 750 учесници на карневалското дефиле во недела.

– Имаме организиран бесплатен превоз со триесетина автобуси, од неколку градови до Кавадарци. Повеќе од сто волонтери ќе се грижат за паркирањето на гостите, кои следните три дена се очекува да дојдат во голем број. Обезбедени се девет локации за паркирање со над четири илјади паркинг места. Имаме стопроцентна искористеност на капацитетот од леглата со кои располагаме, а регистриран е и недостаток. Очекуваме амбасадори, високи функционери, посетители од земјава и странство – рече Јанчев.

Тој  рече дека организацијата помогнаа спонзори и донатори.

Винарии и угостителски објекти имаат свои штандови во централното градско подрачје.

– Годинава очекуваме рекордна посетеност. Очекуваме, исто така, ова да биде најголем настан за 2018 година. Се со цел Кавадарци да оди напред – нагласи Јанчев.

Според програмата, вечерва на градскиот плоштад настапува Слаткаристика, утре Некс тајм, Љубојна како и оркестар Џамбо Агушеви, а во недела српската пејачка Цеца.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...