Дванаесетгодишната штитеничка од „Ранка Милановиќ“ ја продавале, силувале и тепале

972

За 12.000 денари обвинетата Мајмире Дестанова цела вечер го продавала малолетното девојче во кафани во Кавадарци, се открива од обвинението за скандалот со штитеничка на домот „Ранка Милановиќ“, кој беше откриен откако малолетничката остана бремена, јавува Телма.

Судењето за тројцата обвинети требаше да почне денеска, но тоа беше одложено за следната недела.

Ја терале да има сексуални односи и да ги забавува гостите, и давала алкохол, но не и храна. Кога ќе се побунело девојчето ја удирала со шлаканици и се заканувала дека ќе ја повреди сестра и, ќе ја убие, ќе и го направи животот пекол.

Ова е само дел од сексуалната експлоатација и злоставувањата што ги преживеало малолетното девојче минатата зима додека била малтретирана и подведувана во повеќе градови.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...