Кацарска до Шилегов: Во Собрание сите викате, а кога сте во суд не ве слушаме

Мене ми е страв да не ги уплашам присутните во салата инаку не ми е проблем. Сум викал и ќе викам, и одговори Шилегов.

3086
Градоначалникот на Скопје, а поранешен пратеник Петре Шилегов, е вториот сведок, по пратеникот Мухамед Зекири, кој влезе во судница да сведочи за 27 април.
Откако одговори на првото прашање на обвинителката Вилма Рускоска, судијката Добрила Кацарска му се обрати да зборува погласно за да може да го слушна записничарот и другите присутни.
– Кога сте во Собрание викате сите толку гласно, а кога сте во суд не ве слушаме – му рече Кацарска.
– Мене ми е страв да не ги уплашам присутните во салата инаку не ми е проблем. Сум викал и ќе викам – рече Шилегов.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...